НЕОБИЧЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ – Бах звучно на тротоар, надвор од концертните сали
Три концерти денеска на Платото пред Млечен ресторан, уживајте во Бах под отворено небо.

Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ денеска ќе настапи на Платото пред Млечен ресторан во Скопје, по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах. Концертите се закажани во три термини: 10:00, 11:30 и 13:00 часот.
На програмата се композиции од познатиот албум за Ана Магдалена Бах, аранжирани за гудачки квартет, кои ќе ги изведат четирите млади музичарки: Јана Бужаровска и Грациела Трајковска на виолина, Марија Павловска на виола и Сара Илиевска на виолончело, под менторство на виолинистката Пламенка Трајковска.
Настапите се дел од светската иницијатива „Bach in the Subways“, преку која Општина Карпош се приклучува на глобалното одбележување на музиката на Бах, донесувајќи ја класичната музика директно кај луѓето, надвор од традиционалните концертни сали. Иницијативата постои повеќе од десет години и има големо значење за приближувањето на класичната музика до пошироката публика.
Концертите се реализираат со поддршка на Општина Карпош.
