СИНОТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ГРОЗДАНОВСКИ – Ова е тежок период за нашето семејство, да се почитува презумцијата на невиност

Граѓаните од Брвеница, Тетово и пошироко добро го познаваат мојот татко како професионалец и како човек.

СИНОТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ГРОЗДАНОВСКИ – Ова е тежок период за нашето семејство, да се почитува презумцијата на невиност
Фото: Принтскрин

По последните настани што ја вознемирија јавноста, синот на осомничениот Жарко се огласи со јавна реакција, повикувајќи на воздржаност и почитување на презумпцијата на невиност.

Во својата објава на социјалните мрежи, тој истакна дека ова е исклучително тежок период за неговото семејство и изрази целосна поддршка за својот татко, нагласувајќи дека со години чесно и посветено ја извршувал лекарската професија. Според него, наместо разбирање, семејството се соочува со медиумски притисок во момент кога ситуацијата е особено чувствителна. Тој додаде дека се занемаруваат бројните луѓе на кои неговиот татко им помогнал, како и животите што ги спасил, истакнувајќи дека граѓаните од Брвеница, Тетово и пошироко добро го познаваат како професионалец и како човек.

Од друга страна, според информациите од полицијата, вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 53-годишниот Ж.Г., постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Претходно истиот ден, во 8:24 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид е пронајдено безживотно тело на 76-годишен маж. На местото извршен бил увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

CATEGORIES
Share This