ИРАН УДРИ БАЗА ВО ДУБАИ СО РАКЕТИ И ДРОНОВИ – Во неа имало 500 американски војници

Амбулантни возила со часови превезувале ранети и загинати американски војници.

ИРАН УДРИ БАЗА ВО ДУБАИ СО РАКЕТИ И ДРОНОВИ – Во неа имало 500 американски војници
Фото: Принтскрин

Во последните часови, Иран изврши напади врз американски воени бази во Дубаи, каде што се стационирани повеќе од 500 американски војници, соопшти денес портпаролот на централниот ирански штаб, Хатам ал-Анбије.

Според него, две скривалишта во Дубаи, во кои се криеле повеќе од 400 лица во едното и над 100 во другото, биле идентификувани и нападнати со ракети и прецизно насочени дронови. Нападот го извршиле припадници на иранските воздухопловни сили и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Агенцијата Мехр јавува дека амбулантни возила со часови превезувале мртви и ранети американски команданти и војници.

CATEGORIES
Share This