АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски има порака која сите ја чекаа

Мицкоски открива како ВМРО-ДПМНЕ планира да ја промени државата и да испорача резултати.

АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски има порака која сите ја чекаа
Фото: Национал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес одговори на новинарско прашање во врска со анкетите кои покажуваат дека неговата партија има убедливо водство пред останатите политички партии. Тој истакна дека Владата прави се што е можно за да испорача резултати, и покрај, како што рече, катастрофалната состојба која ја наследиле од претходната власт. Мицкоски нагласи дека добрите бројки од анкетите се дополнителна мотивација за работа, иако, како што вели, опозицијата испраќа погрешни и навредливи пораки.

„Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично вложувам максимални напори за граѓаните. За жал, состојбата која ја наследивме од претходната влада беше ужасна, катаклизмична. Грешките кои се таложеле со децении и погрешните политики кои имале негативен ефект врз државата се значајни, а ресурсите се многу ограничени како последица на тие политики. Ние работиме врз основа на приоритети“, рече Мицкоски.

Во однос на анкетите кои ја покажуваат предноста на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека тие резултати претставуваат дополнителна мотивација:

„Овие бројки ни даваат дополнителна мотивација да работиме уште посилно. Ова е поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и за ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во владината коалиција. Во јавноста, од страна на опозицијата се испраќаат невистинити и навредливи пораки, со намера да се манипулира и да се создава конфузија“, рече Мицкоски.

Тој додаде:

„Ние сме сериозна државотворна партија и така се однесуваме во Владата. Јас, како човек, ќе сторам се што е во моја моќ за да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Никогаш не ветуваме чуда. Лажните тврдења на опозицијата за наводни ветувања кои никогаш не сме ги давале, не треба да ги земаме предвид. Во кампањите во 2021, 2024 и 2025 година, јасно кажавме дека чуда се невозможни. Оној кој ветува чуда не ја кажува вистината и ги манипулира граѓаните. Ние ветуваме многу работа, напорна работа, како никогаш до сега, и реални политики и реформи за подобра иднина на граѓаните.“

CATEGORIES
TAGS
Share This