СКОК НА ЦЕНИ И УКИНУВАЊЕ НА ЛИНИИ – Што се случува на македонските аеродроми

Виз ер укинува редовна линија Скопје – Ларнака, но ТАВ тврди дека нема да има поголеми нарушувања.

СКОК НА ЦЕНИ И УКИНУВАЊЕ НА ЛИНИИ – Што се случува на македонските аеродроми
Фото: Принтскрин

Поради конфликтот на Блискиот Исток, може да има ограничено влијание врз некои дестинации од македонските аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот велат од ТАВ Македонија

Единствена промена во моментов е прекинот на редовната линија Скопје – Ларнака од 13 април од страна на Виз ер, која ќе се одржува како сезонска линија во летниот период. Намалениот интерес за резервации е главната причина за оваа одлука.

ТАВ Македонија, како оператор на скопскиот и охридскиот аеродром, очекува продолжување на позитивниот тренд во летниот ред на летање, со раст на бројот на патници и проширување на мрежата на дестинации, по успешната 2025 година и силната зимска сезона.

„Нашата улога е да обезбедиме непречено и безбедно функционирање на аеродромите, а засега не се очекуваат значајни промени во бројот на летови и патници, бидејќи најголемиот дел од сообраќајот е кон Западна и Северна Европа“, изјави Неџат Курт.

CATEGORIES
Share This