МИЦКОСКИ СО ЈАСНА ПОРАКА – Една изборна единица и дијаспората гласа

Мицкоски останува на ставот за една изборна единица, но најавува договор за изборен праг.

МИЦКОСКИ СО ЈАСНА ПОРАКА – Една изборна единица и дијаспората гласа
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за воведување една изборна единица и овозможување гласање на дијаспората. Изјавата доаѓа во контекст на разговорите во рамките на работната група за новиот Изборен законик.

Мицкоски посочи дека партијата нема намера да го менува овој став, но дека е потребен договор со останатите политички субјекти околу изборниот праг. Според него, логично е дијаспората да гласа во рамки на една изборна единица, но главен предизвик останува оддалеченоста на дипломатско-конзуларните претставништва, особено во Австралија и Северна Америка, што влијае врз слабата излезност.

Тој нагласи дека решение би било отворање на повеќе гласачки места надвор од ДКП, што би го олеснило процесот, но за тоа е потребна законска рамка и договор со земјите домаќини. Како пример ја наведе Австралија, која дозволува вакви модели преку привремена екстериторијалност за време на избори.

CATEGORIES
Share This