(ВИДЕО) БОМБИТЕ СЕ ВРАЌААТ – Дали изборот на обвинителка бил договаран однапред

Се засилуваат политичките тензии околу изборите во обвинителството.

(ВИДЕО) БОМБИТЕ СЕ ВРАЌААТ – Дали изборот на обвинителка бил договаран однапред
Фото: СДСМ

Од СДСМ обвинуваат дека одлуката на новиот јавен обвинител Ненад Савески да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство претставува уште еден доказ за, како што велат, системски обид на власта да го партизира правосудството.

Според нив, станува збор за практика слична на времето на Груевски, кога, како што наведуваат, се поставувале „договорени“ судии и обвинители. Тие потсетуваат дека името на Костеска-Здравеска се споменувало во прислушуваните разговори, каде се договарал нејзиниот избор меѓу поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

„’Таа што сме ја договарале“, ‘Ја квалификувавме како наша’, ‘Мажи и у Лустрациска’ и ‘Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот’“ – велат од СДСМ.

Од СДСМ исто така посочуваат дека таа е сопруга на Вецко Здравески, поранешен член на Комисијата за лустрација, кој бил вклучен во случајот со писателот Славко Јаневски.

Партијата поставува прашање дали на Савески оваа одлука му била зададена од премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека власта влијае врз изборите во правосудството и дека се врши притисок врз институциите.

Во соопштението се наведува и дека, според нив, се води кампања против опозицијата, се напаѓа поранешното Специјално јавно обвинителство и се создава атмосфера која, како што велат, потсетува на периодот пред 2016 година.

CATEGORIES
Share This