ПРОЛЕТ СО ЗИМСКО ЛИЦЕ – На повисоките места мешавина од дожд и снег
Променливо време низ целата земја со краткотрајни врнежи

Фото: Национал
Денеска (28.03) времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи и температурата во интервал од -1 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
CATEGORIES Македонија
