ЕКСКЛУЗИВНО ВО ДАЈМОНД МОЛ – Нордиско-балтичка магија на модата

Откријте како нордиските и македонските дизајнери создаваат мода која не штети на планетата.

ЕКСКЛУЗИВНО ВО ДАЈМОНД МОЛ – Нордиско-балтичка магија на модата
Фото: Принтскрин

Утре, од 17:30 до 19:30 часот, во просторот Ареа во Дајмонд Мол, ќе биде отворена изложбата на дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери. Тие работеле заедно во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“.

На отворањето ќе присуствуваат самите дизајнери, а програмата ќе биде збогатена со MadeWithSweden – Отворени разговори во 17:30 часот, посветени на тоа како шведските брендови работат со одржливост и кои критериуми нордиските компании ги бараат во производствените капацитети како и Designers’ Voices во 18:30 часот, фокусирани на процесот на соработка, инспирациите и иднината на одржливата мода.

По отворањето, изложбата ќе биде преместена на приземјето на Дајмонд Мол, каде ќе остане достапна за посетители од 30 март до 5 април.

Проектот е финансиски поддржан од Нордскиот совет на министри и се спроведува од Амбасадата на Шведска, во соработка со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и Литванија, како и во партнерство со Македонското модно здружение.

Изложбата е дел од официјалната програма на Модниот викенд Скопје и е отворена за пошироката јавност.

CATEGORIES
Share This