ПОРАНЕШНАТА БОНД ДЕВОЈКА УРСУЛА АНДРЕС ШОКИРА – Ми го украдоа богатството од 20 милиони евра

Истрагата открила дека 18 милиони швајцарски франци биле злоупотребени низ сложена мрежа на трансакции.

ПОРАНЕШНАТА БОНД ДЕВОЈКА УРСУЛА АНДРЕС ШОКИРА – Ми го украдоа богатството од 20 милиони евра
Фото: Принтскрин

Швајцарската актерка Урсула Андрес, поранешна „Бонд девојка“ која неодамна наполни 90 години, се најде во центар на голем финансиски скандал. Таа тврди дека со години била измамувана од луѓе кои управувале со нејзините пари.

Истражувањата покажуваат дека нејзини средства вредни околу 18 милиони швајцарски франци биле злоупотребени преку сложена мрежа на сомнителни трансакции. Дел од парите завршиле во Италија, каде што полицијата веќе запленила имот вреден околу 20 милиони евра.

Запленетиот имот вклучува луксузен комплекс близу Фиренца, со повеќе недвижности, лозја, маслинови насади и уметнички дела.

Актерката објаснува дека била жртва на измама со години:

„Осум години ме убедуваа и ме лажеле. Ја злоупотребија мојата доверба на подмолен и криминален начин за да ми земат сè. Чувството на беспомошност е неподносливо.“

Таа поднела кривична пријава во Швајцарија, наведувајќи дека нејзиниот имот значително се намалувал додека бил под управување на лица задолжени за нејзините финансии.

Во фокусот на истрагата е нејзиниот поранешен финансиски советник, Ерик Фрејмонд, кој почина во 2025 година. Истрагата продолжува и против лица поврзани со него. Истражителите откриле дека дел од средствата биле инвестирани во безвредни акции, додека други пари биле потрошени за скапи уметнички дела и без знаење на актерката.

Урсула Андрес, која ја стекна светската слава како Хани Рајдер во филмот „Д-р Но“ од серијалот за Џејмс Бонд, денес живее во Рим и признава дека целиот случај ѝ предизвикува сериозна анксиозност:

„Ова ме уништува. Не можам да спијам. Целосно сум скршена.“

Истрагата продолжува, а властите се обидуваат да го следат целиот тек на исчезнатите средства, додека имињата на осомничените сè уште не се објавени.

CATEGORIES
Share This