10 НОВИ АВИОЛИНИИ ОВА ЛЕТО – Македонија никогаш не била поблиску до Европа
Првите два месеци од 2026 година покажуваат зголемен интерес за летови од Скопје и Охрид, со рекорден број патници.

Од 29 и 30 март, Виз ер ќе воведе три нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Со летниот распоред на летови за 2026 година, мрежата на дестинации од македонските аеродроми се проширува од Скопје со шест нови линии: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун додека од Охрид со четири нови линии: Милано, Виена, Вроцлав и Катовице.
Летниот распоред почнува на 29 март со линијата Милано – Охрид, а на 30 март ќе почнат летовите од Скопје до Неапол, додека линијата до Будимпешта ќе се врати на редовен распоред.
Според Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, новите линии ќе овозможат подобра поврзаност со атрактивни дестинации, ќе ја поддржат домашната туристичка понуда и ќе привлечат повеќе странски туристи.
Дополнителни летови од Скопје ќе има на 2 и 3 јуни со Анадолија џет до Трабзон и Самсун и на 15 и 18 јули Виз ер до Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија)
Во рамките на летниот распоред за 2026 од Скопје 15 авиокомпании летаат до 54 дестинации (вклучувајќи редовни и сезонски летови), плус 7 авиокомпании до 24 чартер-дестинации и вкупно 78 дестинации додека од Охрид 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации (14 редовни и сезонски, 3 чартер).
По воведувањето на линијата до Милано, Виз ер ќе започне летови и од Вроцлав и Катовице до Охрид, додека Аустриан ерлајнс ќе лета од Охрид до Виена од 17 мај. Претходно, на 17 март, Виз ер ја воведе линијата Охрид – Братислава.
ТАВ Македонија ги заврши првите два месеци од 2026 со 539.474 патници, што е раст од 31% во споредба со истиот период во 2025 година, а бројот на летови достигна 3.766 (+14%).


