ГОЛЕМО ПОКАЧУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА – Раст на платите чекор по чекор
Целта е рамнотежа меѓу јавниот и приватниот сектор и достоинствени услови за работа.

Фото: Принтскрин
Административците во Министерството за економија и труд ќе добијат постепено зголемување на платите, кое до 2028 година ќе изнесува вкупно 21%. Ова е предвидено во новиот Колективен договор, кој денеска го потпиша Независниот синдикат на државната администрација.
Според договорот, зголемувањето ќе се спроведе во три фази и тоа со 7% покачување со ретроактивно дејство од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и уште 7% од 1 март 2028 година.
Од синдикатот истакнуваат дека целта е да се обезбедат достоинствени услови за работа и да се воспостави рамнотежа меѓу јавниот и приватниот сектор.
CATEGORIES Бизнис


