ШОКАНТНИ ПОЛУФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ – Косово и БиХ прават историја
Македонија се збогува со сонот за Мундијалот по поразот од Данска.

Синоќа се одиграа сите полуфинални натпревари од европските баражи, со кои се дефинираа четирите финални дуели.
Највозбудливо беше во Кардиф и Прага, каде натпреварите не донесоа победник ни по 120 минути игра и сè се решаваше на пенали. Во Кардиф, Босна и Херцеговина го надмина резултатот од 1:0 против Велс со гол на ветеранот Един Џеко во 86. минута, а на пенали успеаја да бидат поуспешни по пропустите на противникот.
Слично сценарио се случи во Прага. И покрај тоа што Ирска водеше со 2:0 уште на полувреме, Чесите направија пресврт и триумфираа на пенали благодарение на одбраните на голманот Матјеј Коваж.
Во Братислава, Косово направи сензација, изненадувајќи ја Словачка и со пресврт од 4:3 обезбеди место во финалето.
Италија со два гола во второто полувреме ја победи Северна Ирска и ќе се сретне со Босна и Херцеговина во финалето.
Полска се избори со Албанија во Варшава, по што Роберт Левандовски и Пјотр Желињски го донесоа триумфот, додека Шведска со убедлив 3:1 резултат ја порази Украина на неутрален терен во Валенсија, завршувајќи го мундијалскиот сон на противникот.
Македонија, пак, доживеа дебакл со 4:0 пораз од Данска во Копенхаген и испадна од трката за пласман на Мундијалот.
Турција со минимални 1:0 ја победи Романија и го продолжи сонот за пласман на Мундијалот, првпат по 2002 година.
Во баражаот за СП 2026 ќе играат:
Група А: БИХ – ИТАЛИЈА (Зеница)
Група Б: ШВЕДСКА – ПОЛСКА (Солна)
Група Ц: КОСОВО – ТУРЦИЈА (Приштина)
Група Д: ЧЕШКА – ДАНСКА (Прага)
Натпреварите ќе се играат во вторник, 31 март, со почеток во 20:45 часот по средноевропско време.


