ОСТРА ПОРАКА ОД ИРАН – Секои преговори со ѓаволот е грешка, Трамп ќе биде понижен

Ракетите ќе зборуваат наместо дипломати, напнатоста расте.

ОСТРА ПОРАКА ОД ИРАН – Секои преговори со ѓаволот е грешка, Трамп ќе биде понижен
Фото: Принтскрин

Само ракетите на иранската армија ќе ги водат преговорите со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи.

„Секој преговор со ѓаволот е стратешка грешка. Нека ракетите преговараат со Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа X, повикувајќи ги САД да признаат пораз во војната против Иран.

Тој нагласи дека, според него, Америка треба да се предаде и да признае пораз, додавајќи дека „Трамп ќе биде поразен и целосно понижен“.

На 28 февруари, САД и Израел извршија низа напади врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што имаше цивилни жртви. Во одговор, Иран започна ракетни напади врз израелска територија и американски воени објекти на Блискиот Исток.

Иако Вашингтон претходно изјави дека САД и Иран имале продуктивни разговори, Иранското Министерство за надворешни работи негираше директен дијалог, но потврди дека Техеран примил посреднички пораки со изразена желба од американска страна за прекин на конфликтот.

Според извори во медиумите, САД предложиле план од 15 точки, но Иран сè уште не го потврдил овој предлог, објави Спутник.

CATEGORIES
TAGS
Share This