ПРЕМИЕРОТ ДЕНЕСКА НА СТОЛЧЕ ЗА ОДГОВОРИ – Што ќе го праша опозицијата
Пратениците денеска бараат одговори за најважните теми што ја засегаат јавноста.

Фото: Национал
Денеска во Собранието на Република Македонија е закажана 95. пленарна седница, посветена на пратенички прашања. Како и обично за последниот четврток во месецот, вниманието ќе биде насочено кон отчетноста на извршната власт пред законодавниот дом.
Според утврдена практика, првиот збор за поставување прашања до премиерот и министрите ќе го имаат пратениците од опозицијата. Оваа седница овозможува пратениците директно да бараат одговори за актуелни теми и политики на Владата.
Истовремено, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи и редовен месечен брифинг со новинарите, на кој се очекуваат информации за тековните активности на парламентот.
CATEGORIES Македонија


