АЛБАНЦИТЕ ВО СТРАНСТВО ИСПРАТИЈА РЕКОРДНИ ПАРИ ВО ТАТКОВИНАТА – Бројките ќе ве изненадат
Дознаките достигнаа рекордни 1,12 милијарди евра, што е зголемување од 7,1% споредено со минатата година.

Фото: Принтскрин
Централната банка на Албанија објави дека дознаките од иселениците минатата година достигнале рекордни 1,12 милијарди евра. Во споредба со 2024 година, кога изнесуваа 1,04 милијарди евра, тоа претставува зголемување од 73,69 милиони евра, односно 7,1%.
Италија, Грција, Германија и Велика Британија остануваат главните земји од каде се испраќаат пари, поради големиот број албански емигранти што живеат и работат таму.
Албанската дијаспора е една од најважните заедници надвор од земјата. Во 2025 година, според проценки, таа брои околу 2,25 милиони луѓе, што е приближно 49% од вкупниот број на албански граѓани.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


