ТРАМП ЈА СПУШТА ТОПКАТА – Двајца ирански функционери се тргнати од листата за ликвидација
САД и Израел привремено ги тргнаа иранските функционери од листата за ликвидација.

Фото: Принтскрин
Американските медиуми јавуваат дека САД и Израел привремено ги отстранија иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и претседателот на парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, од листата за ликвидација.
Според „Волстрит џурнал“, кој се повикува на неименувани американски извори, одлуката е дел од напорите за започнување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.
Изворите додаваат дека двојката е отстранета од листата само за неколку дена, што се толкува како сигнал од администрацијата на Трамп за отвореност кон дипломатски разговори.
Сепак, познавачите на ситуацијата предупредуваат дека шансите за успех на овие преговори се мали поради големите разлики во ставовите на САД и Иран.
CATEGORIES Свет


