Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја претстави новата предлог-платформа на партијата, која ќе биде основа за креирање на новата програма.
Финалната верзија ќе се изработува преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните, по што ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот конгрес.
СДСМ најави одржување на 32. Конгрес, кој ќе има програмски карактер и ќе се одржи на 7 јуни.
Во меѓувреме, нови членови на Централниот и Извршниот одбор станаа Соња Стаменкова, актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски, професор и поранешен носител на повеќе јавни функции, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, Тања Илијовска, дипломиран економист и Рубин Земон, доктор по етнологија и поранешен пратеник.
За меѓународен секретар на СДСМ е избран Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е именуван Зоран Трифуновски.
Од партијата информираат дека е распишан и оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ.