ШЕСТ ВОЛОВИ ЈА ПРЕМИНАА ГРАНИЦАТА СО БУГАРИЈА – Сега им се заканува судбина како на кравата Пенка

Нејасно дали станува збор за истите говеда што со месеци создаваат проблеми кај Крива Паланка

ШЕСТ ВОЛОВИ ЈА ПРЕМИНАА ГРАНИЦАТА СО БУГАРИЈА – Сега им се заканува судбина како на кравата Пенка
Фото: Национал

Бугарските институции разгледуваат што да се преземе со шест волови кои пред неколку дена ја преминале границата од Македонија и влегле во близина на ќустендилското село Ѓуешево, објави Бугарското национално радио.

Животните се заловени и сместени во привремен сточарски објект на општината, каде што ќе останат додека заедничка комисија од бугарски и македонски надлежни служби не донесе одлука за нивната понатамошна судбина. Засега не е утврдено дали овие волови се дел од говедата што подолг период се движат слободно во регионот на Крива Паланка и предизвикуваат проблеми кај локалното население и сопствениците.

Случајот бил пријавен од градоначалничката на Ѓуешево откако животните биле забележани на земјиште во селото, по што биле заловени и транспортирани во привременото засолниште.

Одлуката за нив ќе ја донесе регионална комисија составена од претставници на службите за контрола на храна, граничните органи и локалната власт.

Сличен случај се случи пред неколку години со кравата Пенка, која премина од Србија во Бугарија кај селото Олтоманци. Иако според европските правила требаше да биде еутаназирана, по силен јавен притисок и меѓународна реакција, таа на крајот беше поштедена и вратена кај својот сопственик.

CATEGORIES
TAGS
Share This