ДАНСКИОТ СЕЛЕКТОР СИГУРЕН – Се гледаме во јуни со мексиканските навивачи

Селекторот Ример потврди дека тимот е комплетен и го чека клучниот натпревар за пласман на Светското првенство

ДАНСКИОТ СЕЛЕКТОР СИГУРЕН – Се гледаме во јуни со мексиканските навивачи
Фото: Принтскрин

Данската фудбалска репрезентација е целосно подготвена за утрешниот дуел против Македонија, кој е клучен чекор кон пласман на Светското првенство. На прес-конференцијата пред мечот во Копенхаген, селекторот Брајан Ример потврди дека Микел Дамсгард ќе биде во составот.

„Нема проблеми со тимот. Дамсгард имаше кратка пауза поради мал притисок на внатрешната страна на коленото, но сè е во ред. Тренираше добро и е подготвен за натпреварот“, изјави Ример.

Селекторот не откри детали за почетниот состав, бидејќи некои играчи сè уште не знаат дали ќе стартуваат од првата минута.

„Тимот е подготвен. Почетниот состав ќе биде откриен утре по утринскиот тренинг. Имавме неколку измени на тренингот, но сè е како што треба. Тимот е комплетен и подготвен“, додаде тој.

На крајот, Ример испрати и порака до навивачите:

„Се гледаме во јуни со мексиканските навивачи“.

CATEGORIES
Share This