ТРАМП ПОВТОРНО ГО ПОДРЖА ОРБАН ПРЕД ИЗБОРИТЕ – Силен и моќен лидер
Доналд Трамп го опиша Виктор Орбан како лидер кој неуморно работи за својата земја и народ.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред претстојните парламентарни избори во Унгарија, закажани за 12 април 2026 година.
На својата социјална мрежа „Trut Social“, Трамп Орбан го опиша како „силен и моќен лидер“ кој постигнал извонредни резултати и „неуморно се бори за својата голема земја и народ“.
„Виктор работи напорно за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред“, рече Трамп.
Тој додаде дека односите меѓу Унгарија и САД достигнале нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под сегашната американска администрација, главно благодарение на Орбан.
Трамп истакна дека со нетрпение очекува да продолжи тесната соработка со премиерот, за двете земји да напредуваат по патот кон успех и соработка.
„Бев горд што го поддржав Орбан за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“, заклучи Трамп.
Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 12 април.


