ПУТИН ОТКРИВА – Зошто не и помогнавме на Србија при НАТО бомбардирањето
Путин ја нагласува историската и духовната блискост меѓу Русија и Србија.

Владимир Путин истакна дека односите меѓу Русија и Србија се посебни, со длабоки историски корени, и дека за нив секогаш зборува со голема топлина.
„Србите со векови се најдоверливиот партнер на Русија, а Русија го цени тоа“, рече рускиот претседател во интервју за документарниот филм „Белград“ на режисерот Андреј Кондрашов.
Филмот беше прикажан на каналот „Русија 1“ по повод 25-годишнината од почетокот на НАТО агресијата врз СР Југославија.
На прашањето што ги обединува Русите и Србите, Путин одговори:
„Тие ни се духовно блиски.“
Тој потсети дека Србите се најдоверливиот сојузник на Русија низ историјата и дека рускиот народ го цени тоа. Во контекст на реакцијата на Русија на бомбардирањето во 1999 година, Путин појасни дека, иако Русија и Југославија имале сојузни односи со одредени обврски, тогаш не постоел таков формален сојузнички договор со Белград.
„Доколку таков однос постоеше, Москва сигурно би реагирала за да ги исполни своите обврски“, рече тој минатата година по повод 25-годишнината од бомбардирањето.
Путин, обраќајќи се пред младите на Светскиот младински фестивал, повтори дека односите меѓу Русија и Србија се историски длабоки и дека секогаш ги чувствува со посебна топлина.


