ОД СТАРОМОДНО ДО МОДЕРНО – Кралицата со нови веѓи

Пополнети и дефинирани веѓи за кралски стил, откријте ја тајната на Камила.

ОД СТАРОМОДНО ДО МОДЕРНО –  Кралицата со нови веѓи
Фото: Принтскрин

Камила, кралица на Обединетото Кралство (78) се одлучи за популарен естетски третман и тетовирање на веѓи, со што го освежи својот изглед и привлече внимание во јавноста.

Новиот имиџ, со пополни и појасно дефинирани веѓи, таа го покажа неодамна, а зад промената стои реномираната лондонска експертка Сузан Мартин.

Третманот, познат како „Couture Brow“, чини околу 1.870 долари (приближно 1.720 евра) и има за цел да создаде што поприроден изглед. Процедурата вклучува прецизно исцртување на секое влакно со специјално пенкало за тетовирање, при што пигментот се внесува веднаш под површината на кожата.

Пред самиот третман се врши детална консултација и избор на соодветна нијанса. Процесот се одвива во две сесии од по 90 минути, а за одржување на резултатите се препорачува освежување на секои осум до десет месеци, по цена од околу 1.070 долари (980 евра).

Покрај кралицата Камила, Мартин соработувала и со светски познати музички имиња како Дуа Липа и Ели Гулдинг.

Иако веѓите на Камила моментално изгледаат потемни, тоа е вообичаено веднаш по третманот. Со текот на времето, бојата постепено бледее и се прилагодува во понежна, поприродна нијанса.

CATEGORIES
Share This