АВТО ДРАМА – Евтини кинески возила ја тресат американската економија

Американските гиганти бараат итна заштита додека кинеските возила стануваат сè поопасна конкуренција.

АВТО ДРАМА – Евтини кинески возила ја тресат американската економија
Фото: Принтскрин

Кинеските автомобили стануваат сè поевтини и технолошки понапредни, што предизвикува сериозна загриженост кај американската автомобилска индустрија.

Големите производители побараа од Доналд Трамп да задржи строги правила кои практично го ограничуваат влезот на кинеските возила на американскиот пазар и дури и во случаи кога тие се произведуваат во САД.

Коалиција од водечки индустриски организации, кои ги претставуваат General Motors, Ford, Toyota, Volkswagen, Hyundai и Stellantis, предупредува дека кинеските компании претставуваат ризик за работните места, безбедноста и долгорочната стабилност на пазарот.

Во фокусот е правилото за сајбер безбедност од 2025 година, кое го ограничува пристапот на кинеските возила. Индустријата бара оваа регулатива да остане во сила поради стравувања дека поврзаните автомобили би можеле да претставуваат безбедносен ризик, вклучително и можност за далечински пристап или контрола.

Дополнително, се нагласува дека отворањето фабрики во САД од страна на кинеските компании не го решава проблемот, бидејќи тие и понатаму би биле поврзани со кинеските синџири на снабдување и државните структури.

Сепак, реалноста на пазарот е јасна и кинеските автомобили стануваат сè поконкурентни. Тие нудат повеќе опрема по пониски цени, а квалитетот им се подобрува со брзо темпо, што создава дополнителен притисок врз домашните производители.

САД со децении ја штитат својата автомобилска индустрија преку различни мерки и од ограничувања на увозот до високи царини, па најновите чекори против кинеските брендови претставуваат продолжение на таа политика во услови на засилена глобална конкуренција.

CATEGORIES
Share This