ТРАМП ГИ ОСТАВИ СИТЕ ВО ШОК – Може ли САД да излезат од војната со Иран без катастрофа
По денови контрадикторни изјави, Трамп најави можност за деескалација на конфликтот со Иран.

Според CNN, клучното прашање по повлекувањето на Доналд Трамп од заканите за напад врз иранските електрани е дали тој воопшто може да се извлече од конфликтот со Иран, дури и ако сака.
По денови контрадикторни изјави, Трамп во понеделник најави можност за деескалација на конфликтот, наведувајќи 15 точки од „продуктивни разговори“ со Иран. Меѓутоа, Техеран демантираше дека имало дијалог.
Најоптимистичкиот исход би бил дека двете страни сфатиле дека цената на понатамошната ескалација е премногу голема и дека им е потребен излез. Трамп и се закани Иранската страна со бомбардирање на електрани за да ои отвори Ормутскиот теснец, важна точка за извоз на нафта.
Техеран, пак, се закани со одмазда врз виталната инфраструктура на сојузниците на САД во Заливот, што може да предизвика глобална рецесија и да го влоши хуманитарниот статус на иранските цивили. Сепак, решението сè уште не е на дофат.
Нестабилната реторика на Трамп и неможноста на неговата администрација да предложи кохерентна стратегија за војна или излез ја намалуваат веродостојноста на неговите изјави. Навиката да ги прекршува сопствените рокови значи дека не би било изненадување ако го игнорира петдневниот мораториум за напади.
Трамп можеби купува време заради поместувањето на американски сили, како експедициска единица на морнарицата што се движи од Јапонија и друга од западниот брег на САД. Исто така, неговата склоност кон хипербола значи дека дипломатскиот „напредок“ може да е преувеличен.
Неговата непредвидливост е дел од стилот на лидерство, кој го користи за да ја прикаже својата „силна рака“ како причина за можен дипломатски успех. Сепак, тоа носи ризик и во Персискиот Залив.
Иако Иран би можел да претрпи сериозни загуби од нападите, контролата врз Ормутскиот теснец му дава значителна моќ и тешко е да се очекува дека ќе се откаже без значајни американски отстапки.
Трамп има ограничени и непривлечни опции како што се да испрати копнени трупи, што би било политички ризично. Да се повлече и прогласи победа, што би ги изложило сојузниците на ризик и не би ја решило нуклеарната закана од Иран. Да се обиде на преговори, но успехот не е гарантиран.
Проблемот е што речиси сите опции се лоши, а неговата навика на непредвидливост и контрадикторни изјави го прави конфликтот тешко управлив.


