ПАЗАРИТЕ ВО ПАНИКА ИЛИ ОПТИМИЗАМ – Нафтата Брент се враќа над 100 долари

Цената на нафтата Брент повторно над 100 долари

ПАЗАРИТЕ ВО ПАНИКА ИЛИ ОПТИМИЗАМ – Нафтата Брент се враќа над 100 долари
Фото: Принтскрин

Утрово барел нафта Брент се тргува за над 100 долари, по растот на цената што следеше откако вчера нафтата падна за околу 10% по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и да најави можни разговори со Техеран.

На азиските берзи, цената на нафтата Брент се зголеми за 2,9% и се тргуваше за 102,84 долари по барел. Американската референтна нафта „Вест Тексас Интермедијар“ забележа раст од 3,5%, достигнувајќи 91,20 долари.

Цената на Брент повторно ја надмина границата од 100 долари откако претходно падна на околу 96 долари. Во вторник наутро, на азиските пазари, цената се зголеми за 3,75% на 103,69 долари по барел.

Падот од повеќе од 10% во понеделникот следеше по одлуката на Трамп за одложување на нападите врз Иран, потег што пазарите го протолкуваа како обид за избегнување ескалација. Сепак, пазарите сега се балансираат помеѓу оптимизмот од можните преговори и негирањата од Техеран дека такви разговори се воделе.

CATEGORIES
Share This