ИРАН ГО ОТВАРА ПАТОТ ЗА РАЗГОВОРИ СО САД – Хамнеи го одобрил договорот
Тајна информација открива дека врховниот лидер на Иран можеби се согласи на преговори со Трамп, дали блискоисточниот конфликт ќе заврши?

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, тајно му соопштил на американскиот претставник Стив Виткоф дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, го одобрил почетокот на разговори и потенцијален договор со САД, јавува Ал Арабија, повикувајќи се на израелскиот весник Једиот Ахронот.
Израелските власти наведуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор со Иран за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, но дека успешноста на овие преговори е малку веројатна. Функционерите истакнуваат дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, како ограничување на нуклеарните и балистичките програми, особено по неуспехот на разговорите на 28 февруари и почетокот на американско-израелската војна против Техеран.
Весникот посочува дека во иранската влада постојат поделби меѓу тврдокорните и оние кои се за дипломатија, па изјавата на Хамнеи била протолкувана како поддршка на преговарачката фракција. Сепак, овие информации не се независно потврдени и Иран не издал официјално соопштение.
Експертите сметаат дека влијанието на Хамнеи во иранската политика расте, и ако оваа информација се потврди, тоа би можело да означи значајна промена во надворешната политика на Техеран.


