МИЦКОСКИ, КАСАМИ И ЈАНЕВСКА ОТВОРИЈА ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО – Но сите зборуваа за еден момент

Настанот го привлече вниманието не само поради реконструкцијата на центарот, туку и поради изјавата на министерката.

МИЦКОСКИ, КАСАМИ И ЈАНЕВСКА ОТВОРИЈА ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО – Но сите зборуваа за еден момент
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами и министерката за образование Весна Јаневска, денеска присуствуваа на свеченото отворање на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

Во пресрет на изјавата за медиумите, на министерката Јаневска ѝ беше поставено прашање од новинар дали обезбедила преведувач, на што таа кусо одговори дека не.

По забелешката дека претходно ѝ било укажано да користи преведувач при посета на Тетово, Јаневска возврати дека нема потреба од тоа, нагласувајќи дека, според неа, во Македонија секој треба да го познава македонскиот јазик.

Инаку, ова не е првпат на министерката да ѝ биде поставено вакво прашање, откако и при претходна посета на Тетово од новинарите ѝ беше сугерирано да користи преведувач, на што таа тогаш истакна дека во државата има еден службен јазик и дека нема потреба од превод.

CATEGORIES
Share This