МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПРОМЕНИ ВО ВЛАДАТА – Кој министер ќе лета во мај или јуни

Реконструкцијата на Владата ќе ги отвори сите спорни прашања меѓу коалициските партнери

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПРОМЕНИ ВО ВЛАДАТА – Кој министер ќе лета во мај или јуни
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни, кога е планирана реконструкцијата на Владата, ќе стане јасно дали ќе има промени во министерските позиции и кој од министрите ќе замине или ќе премине на друга функција.

Тој истакна дека постои принципелен договор меѓу коалициските партнери, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди – Влен“ и ЗНАМ и дека во рамки на најавената реконструкција ќе се отворат и разгледаат сите релевантни прашања.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална разрешница на министерот Фатмир Лимани, по објавената фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Мицкоски нагласи дека одлуките ќе се носат во рамки на најавениот процес.

Премиерот додаде дека коалицијата функционира стабилно и дека во моментов нема потреба од преговори со нови политички субјекти, потенцирајќи дека довербата и угледот се градат долго, а можат лесно да се изгубат.

CATEGORIES
Share This