(ФОТО) БАЧЕВ ОД БЕЛГРАД – Излагање на научен собир што предизвика внимание

Трудот предизвика интерес кај научната и политичката јавност

(ФОТО) БАЧЕВ ОД БЕЛГРАД – Излагање на научен собир што предизвика внимание
Фото: Социјални мрежи

Претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев учествуваше во Белград на Меѓународната научна конференција насловена како „Историското и политичкото наследство на Слободан Милошевиќ – 20 години од смртта“. Конференцијата беше во организација на Институтот за политички студии при Владата на Република Србија.

Професорот Бачев на конференцијата го изложи својот труд насловен како „Историското и политичкото наследство на Слободан Милошевиќ во контекст на НАТО нападот на СРЈ, Резолуцијата 1244, Хашкиот трибунал и меѓународното право“.

„За политичкото и историското наследство на Слободан Милошевиќ може да се каже дека претставува еден сложен и контроверзен спој на национализам/патриотизам, лично владеење и меѓународна конфронтација. Во трудот го анализирам ова наследство низ три клучни аспекти поврзани со Слободан Милошевиќ во периодот кога ја врши функцијата претседател на Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора): НАТО интервенцијата врз Сојузна Република Југославија во 1999 година, Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН и процесите пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Јуославија познат како Хашки трибунал. Целта на истражувањето е да се изложат овие настани низ призмата на меѓународното право и поврзано со ова, да го отворам прашањето за нивната меѓународно правно – призната заснованост“ – истакна професор Бачев во своето уводно излагање.

Професорот Бачев изразува благодарност до уредниците – проф. д-р Зоран Милошевиќ, научен советник во Институтот за политички студии и академик проф. Сергеј Бабурин, претседател на Меѓународната Славјанска Академија на науките, уметностите и културата, научник и политичар со четири мандати во руската Дума и заменик-претседател на Думата.

CATEGORIES
TAGS
Share This