ИРАН ОЧАЈНО САКА МИР – Трамп откри сè за преговорите
Иран под притисок а Трамп откри кој ги водел преговорите синоќа

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „очајно сака да постигне договор“, што би можело да се случи во наредните пет дена, или дури и порано.
Во разговор со Фокс бизнис, Трамп откри дека разговорите со Техеран се одржале синоќа, предводени од високите претставници на Белата куќа, Џаред Кушнер и Стив Виткоф.
Првите две интервјуа на Трамп по објавата дека води преговори со Иран беа токму со „Фокс бизнис“ и „Си-Би-Си“, двата водечки бизнис канали. Ова сугерира дека претседателот се обидува да ги смири немирите на пазарите и да ја намали цената на енергијата, објавува Тајмс оф Израел.
ТРАМП ПРЕДУПРЕДИ, НАТО ДЕЛУВА – Епската битка за Ормускиот теснец започнува
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


