МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ДАНСКА – Еден нов натурализиран бек може да ја промени историјата

Кариерата на Херера достигнува врв со повикот во репрезентацијата.

МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ДАНСКА – Еден нов натурализиран бек може да ја промени историјата
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за историскиот плеј-оф натпревар против Данска. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, „рисовите“ одработија прв тренинг во комплексот „Петар Милошевски“ со една единствена цел пласман на Светското првенство.

Атмосферата во таборот е одлична, а особено внимание привлече новото име на списокот, бекот на Борац Бања Лука, Себастијан Херера. За Херера, повикот во македонскиот национален тим е врв на кариерата. Натурализираниот дефанзивец не ја криеше возбудата пред својот дебитантски настап.

„Ова е најголемото нешто што можеше да ми се случи во кариерата. Долго време го сонував овој дрес и пресреќен сум што моментот конечно дојде. Тука сум за да го дадам максимумот и да помогнам на тимот со сето мое срце“, истакна Херера.

Тој додаде дека конкуренцијата на левата бек-позиција, каде што неприкосновен е искусниот Езџјан Алиоски, му дава дополнителен мотив да се докаже пред селекторот Седлоски. Иако Данците се фаворити, особено пред својата публика во Копенхаген, Херера е уверен дека Македонија има шанса за позитивен резултат:

„Знам дека не чека тежок меч на 26 март. Данска е силна, но ние треба да гледаме само во нашиот двор. Мораме да бидеме максимално мотивирани и да дејствуваме како вистински тим. Сметам дека шансите се 50-50 и сè зависи од нашиот пристап. Зошто да не се надеваме на пласман во финале?“

Селекторот веќе го крои планот за неутрализирање на данскиот напад. Поголемиот дел од репрезентативците се веќе во Скопје, а комплетирањето на тимот се очекува вечерва. Со Столе Димитриевски во врвна форма и новата енергија во средниот ред, Македонија верува во нов голем подвиг.

Ерера дојде во Македонија на 20 години, играше пет години за Работнички како лев бек, што му овозможи да добие право да настапува за националниот тим според правилата на ФИФА. И покрај тоа што беше игнориран од претходните селектори Игор Ангеловски и Благоја Милевски, новиот селектор Седлоски му ја оствари долгогодишната желба.

Херера е веќе добро интегриран во македонското општество И зборува македонски, има македонски пасош, оженет е со Македонка и има дете. Покрај Борац Бања Лука, претходно играше и за унгарски МТК, штипска Брегалница и кипарска Докса.

„Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Алиоски има големо искуство и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар, но верувам дека шансите се 50-50. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат“, истакна Херера.

Херера е веќе во Скопје и тренира со репрезентацијата, а дали ќе дебитира против Данска или во вториот меч против Ирска или Чешка, ќе одлучи селекторот. Со оглед на повредата на Алиоски, најверојатно го чека огнено кршетвање на левата бек-позиција против „Викинзите“.

CATEGORIES
Share This