ДЕШАМП НЕМА ДА ОСТАНЕ ДОЛГО – Зидан веќе има устен договор со Франција

Педесет и тригодишниот Зидан претходно трипати го водеше Реал Мадрид и ја освои Лигата на шампионите.

ДЕШАМП НЕМА ДА ОСТАНЕ ДОЛГО – Зидан веќе има устен договор со Франција
Фото: Принтскрин

Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација (FFF) за преземање на функцијата селектор на репрезентацијата, објави „Le Parisien“.

Педесет и тригодишниот Зидан се согласил со условите на федерацијата за соработка. Веста се појави само неколку часа по изјавата на претседателот на FFF, Филип Дијало, кој потврди дека веќе е познат следниот селектор. Сепак, официјалното соопштение ќе биде објавено по заминувањето на „Триколорите“ во САД, за да се обезбедат најдобри услови за подготовка на сегашниот селектор Дидие Дешам за Светското првенство 2026.

Зидан претходно ја водеше екипата на Реал Мадрид во периодите 2016-2018 и 2019-2021 година.

CATEGORIES
Share This