ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – 2026 носи дури 7 продолжени викенди, еве кога да си планирате одмор

Проверете кога со само неколку дена одмор добивате мини-одмор

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – 2026 носи дури 7 продолжени викенди, еве кога да си планирате одмор
Фото: Принтскрин

Граѓаните на Република Македонија веќе уживаа во продолжен викенд на 20 март по повод Рамазан Бајрам, но тоа не е сè и наскоро следува уште една одлична можност за одмор.

Во април нè очекува нов споен викенд: 10 април (Велики Петок) и 13 април (понеделник, втор ден Велигден), што значи четири слободни дена по ред кои се идеални за патување или релаксација.

За полесно планирање, во продолжение е календарот на неработни денови во 2026 година.

Неработни денови за сите граѓани:

  • 1 јануари (четврток) – Нова година
  • 7 јануари (среда) – Божиќ
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (продолжен викенд)
  • 13 април (понеделник) – Велигден (продолжен викенд)
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот (продолжен викенд)
  • 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (продолжен викенд)
  • 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (продолжен викенд)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (продолжен викенд)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (продолжен викенд)
  • 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

Вкупно дури 7 продолжени викенди во текот на годината.

Дополнителни неработни денови за православни верници:

  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок) – Велики Петок
  • 29 мај (петок) – Духовден (продолжен викенд)
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (продолжен викенд)

За муслиманските верници:

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам

За католичките верници:

  • 6 април (понеделник) – Велигден
  • 1 ноември – Сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ

Со ваков распоред, 2026 година нуди одлични можности за одмор, кратки патувања и подобро планирање на слободното време.

CATEGORIES
Share This