ПОГРЕБОТ НА ДРАГИ ГРОЗДАНОВСКИ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА – Замина човек од првата генерација на независна Македонија

Драги Гроздановски беше дел од првиот парламентарен состав на независна Македонија

ПОГРЕБОТ НА ДРАГИ ГРОЗДАНОВСКИ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА – Замина човек од првата генерација на независна Македонија
Фото: Принтскрин

Почина Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање и пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија.

Гроздановски, роден 1957 година во Битола, беше дел од генерацијата која ги поставуваше темелите на современата македонска држава. По образование правник, уште рано се вклучи во општествено-политичкиот живот.

Во периодот 1991-1994 година беше пратеник во првиот состав на Собранието, а во текот на кариерата извршуваше повеќе значајни функции. Беше заменик министер во МВР од 1998 година а на двапати ја извршуваше должноста директор на Агенцијата за разузнавање, од март 2000 до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година, во периоди важни за безбедносното консолидирање на државата.

Покрај тоа, беше претседавач на Советот на Општина Битола и координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, како и директор на ЈП „Нискоградба“ – Битола, каде придонесе за развојот на локалната инфраструктура.

Ќе остане запаметен како човек со цврсти ставови, професионален интегритет и посветеност кон државата и заедницата.

Погребот ќе се одржи на 22 март 2026 година во Битола.

CATEGORIES
Share This