200.000 ЕВРА ЗАШТЕДА ЗА ГРАЃАНИТЕ – Еве како
Мицкоски откри како Македонија ќе има најевтини горива во регионот и бензините ќе се движат од 1,37 до 1,44 евра, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра по литар.

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на горивата на вонредна седница. Пакет мерките имаат цел да се спречи драстичен пораст на цените на горивата на домашните бензински станици. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека мерките се насочени кон заштита на стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза, предизвикана од растот на цените на светските берзи поради случувањата на Блискиот Исток.
Главните одлуки се намалување на ДДВ-то од 18% на 10% за бензините, со што цената останува стабилна, зголемување на данокот на нафтата од 3 на 3,5 денари по литар и очекуван ефект и бензините ќе се движат од 1,37 до 1,44 евра по литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра по литар кои се најниски цени во регионот.
Мицкоски истакна дека намалувањето на ДДВ-то е побрз и поефикасен начин за справување со кризата отколку намалувањето на акцизата, која е фиксна категорија регулирана со закон и не може да се менува брзо.
Дополнително, Владата преговара со компанијата ОКТА за зголемување на попустите кон трговците, што би можело да влијае на понатамошно намалување на цените.
Премиерот направи споредба со соседните земји: во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, а дизелот околу 1,8 евра; во Хрватска до 2 евра; во Грција и Албанија околу 1,9 евра.
Според Мицкоски, со овие мерки граѓаните ќе заштедат околу 200.000 евра дневно, или приближно 1,5 милиони евра неделно. Тој нагласи дека Владата внимателно ја следи ситуацијата на светските берзи, залихите и безбедносната состојба, како и потрошувачката од странски државјани која достигнува 150.000 литри дневно, за да интервенира навреме при евентуални ценовни шокови.
„Не сме реактивни, туку проактивни. Ги предвидуваме ризиците и преземаме мерки навреме“, порача Мицкоски.


