ДИЗЕЛОТ 10 ДЕНАРИ ПОСКАП – Владата прогласува кризна состојба
Денеска е закажана вонредна владина седница, а премиерот Мицкоски ќе ги соопшти конкретните одлуки.

Фото: Национал
Владата најави дека ќе интервенира со даночни мерки за да спречи ново големо зголемување на цените на горивата. Според информациите, поради растот на цените на светската нафтена берза, се очекува дизелот да поскапи за повеќе од 10 денари по литар, додека цената на безоловниот бензин би можела да се зголеми за околу 6 денари.
Поради ова, ќе биде прогласена кризна состојба за горивата, а Владата ќе преземе мерки за стабилизирање на цените. Денеска е закажана вонредна владина седница на која ќе се донесат конкретни одлуки, а по нејзиното завршување премиерот Мицкоски ќе одржи прес-конференција.
CATEGORIES Бизнис


