ЕУРОДРАМА 2026 – Македонски автори освојуваат награди
Еуродрам ги избра најдобрите македонски драми за 2026.

Фото: Принтскрин
Три македонски драми се меѓу најдобрите нови дела на европско ниво за 2026 година, според изборот на мрежата „Еуродрам“.
Прва награда е за „Џинови и џуџиња“ на Владимир Јанковски, драма за егзистенцијални дијалози и односот меѓу микрокосмосот и макрокосмосо, втората награда за „Кој сум јас“ на Митко Чешларов, комична истрага на границата меѓу приватното и јавното додека третата награда „104“ на Драгана Лукан Николоски, приказна за љубомора и токсични односи.
Македонскиот комитет на „Еуродрам“ го сочинуваа писатели, драмски автори, преведувачи и актери, а изборот е дел од европска иницијатива за превод и промоција на современи драмски дела.
CATEGORIES Култура


