ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА – Ублажување на растот на цените на горивата
И покрај најевтините горива во регионот, се очекува понатамошно поскапување на дизелот и бензините.

Фото: Национал
Владата утре ќе одржи вонредна седница во 12 часот на која ќе се разгледуваат мерки за ублажување на растот на цените на горивата.
Иако Македонија моментално има најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник дополнително зголемување на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа, Владата најави дека на утрешната седница ќе донесе итни мерки за ублажување на ценовниот раст.
Со последните две одлуки на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се зголеми за 21 денар по литар, додека бензините поскапеа за 12 денари по литар.
CATEGORIES Бизнис


