ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН – Не сакаме војна со нашите драги соседи и исламски браќа

Претседателот повика муслиманскиот свет да биде посилен и пообединет по повод Фитр Бајрам

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН – Не сакаме војна со нашите драги соседи и исламски браќа
Фото: Принтскрин

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денеска истакна дека Исламската Република нема намера да води конфликти со исламските земји и своите соседи, додавајќи дека единствен кој профитира од поделбите меѓу нив е Израел.

На социјалната мрежа X, Пезешкијан порача:

„Им велиме на нашите исламски браќа и драги соседи, немаме намера да влегуваме во спорови. Единствен кој има корист од нашите несогласувања е ционистичкиот ентитет.“

Во својата порака по повод Фитр Бајрам, претседателот изрази желба муслиманскиот свет да биде пообединет и посилен:

„Го молиме Бога на денот на Фитр Бајрам да ни даде сила и единство.“

Ова доаѓа во контекст на последните настани во регионот: на 28 февруари, САД и Израел извршија „превентивни напади“ врз Иран по неуспехот на преговорите за неговата нуклеарна програма. Во следните денови, Иран одговори со масовни одмазднички напади кон Израел и цели поврзани со САД во Блискиот Исток.

CATEGORIES
Share This