СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТСКИТЕ ТЕАТРИ 2026 – Да им оставиме простор да сонуваат гласно

Само преку посветена работа можеме да ја обезбедиме достапноста на театарот уште од раѓање и да добиеме поддршка од возрасните“, заклучува Џајлс.

СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТСКИТЕ ТЕАТРИ 2026 – Да им оставиме простор да сонуваат гласно
Фото: Принтскрин

По повод Светскиот ден на детските театри, кој оваа година се одбележува под мотото „Правата на децата на сцена“, македонската порака ја пренесе м-р Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија.

„На сцената, каде светлината нежно паѓа, детските соништа добиваат глас. Денес не славиме само театар, туку славиме нешто многу посебно и правото на секое дете да сонува, да создава и да ја доживее магијата на сцената. Повикуваме за повеќе светови создадени од мали, храбри срца и светови каде сè е можно, каде секоја приказна има крилја. Во секој детски поглед што ја следи сцената се раѓа нов универзум, а секој аплауз носи надеж дека магијата ќе трае. Да ги чуваме тие светови. Да ги негуваме тие гласови. Да им оставиме простор да сонуваат гласно. Зашто детскиот театар не е само уметност и тој е почеток на сè што допрва ќе стане. Нека ни е честит Светскиот ден на детските театри.“

Светската порака ја пренесе претседателката на ASSITEJ International, Сју Џајлс:

„Низ целиот свет, уметниците и организациите кои работат со деца и млади вложуваат големи напори да ја добијат заслужената признаеност за својата работа и за својата публика. Децата и младите под 18 години сочинуваат околу 29% од светската популација, а сепак, во многу општества, тие културно се маргинализирани само поради возраста“.

Кампањата за Светскиот ден е клучна за да се насочи вниманието кон целите на ASSITEJ и ја истакнува важноста на културата за сите деца и млади. Таа поттикнува локални активности ширум светот на 20 март, создавајќи момент што вреди да се празнува.

Уметноста и културата за, со и од деца се суштински дел од пошироката културна екологија и таму се негуваат младите умови и духови, таму се развива критичка публика и активни културни учесници кои добиваат глас и моќ. На многу места, правото на децата да учествуваат во културата и уметноста не е доволно препознаено, прифатено или разбрано, а нивниот глас често се игнорира. Затоа, кампањата за Светскиот ден го нагласува значењето на видливоста и присуството на детските права во културата.

„ASSITEJ International промовира и обединува, ставајќи ги културните права на децата и младите во центарот на својот ангажман низ целиот свет. Нашата работа е да дејствуваме, да создадаваме и да твориме со инспирација и посветеност, со цел секој возрасен гледач да ја разбере важноста детската уметност да биде достапна уште од раѓање и да ја поддржи оваа цел.“

CATEGORIES
Share This