ТРАДИЦИОНАЛНА ПОДЕЛБА ВО ДОМОТ – Ребека готви, Мики носи финансии

Ребека се врати по 12 години пауза на музичката сцена а паузата ја направи заради синот Маркијан и неговата ретка болест.

ТРАДИЦИОНАЛНА ПОДЕЛБА ВО ДОМОТ – Ребека готви, Мики носи финансии
Фото: Принтскрин

По цели 12 години отсутност од сцената, пејачката Ребека се врати во јавноста со гостување во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков.

Во искрен разговор, таа откри дека паузата од музиката не била нејзин избор, туку одлука која морала да ја донесе заради својот син Маркијан, кој се соочува со ретка болест.

„Никогаш не сакав да престанам да пеам, но морав. Душата уште ми пее!“, изјави Ребека.

Во емисијата се спомена и нејзината песна „Нешто убаво“, насловна тема на емисијата, создадена пред 25 години. Таа се наврати на пораката од тогаш:

„Јас сакам, јас можам, јас знам… а денес додадов и ‘Јас верувам’, затоа што само вербата ме турка напред. Верувам во Бога.“

Тема на разговор беше и поставувањето граници во личниот живот. Ребека откри дека на почетокот од бракот со докторот Милан (Мики) често се соочувала со додворувања:

„Ми се додворуваа без срам, иако знаеја дека сум мажена. Сама ги решавав тие ситуации и на Мики му кажував отпосле, немаше потреба да интервенира.“

Таа зборуваше и за предрасудите кон жените во општеството:

„Жената мора да зборува двапати, еднаш за да ја видат, вторпат за да ја слушнат.“

Ребека додаде дека и денес се соочува со тоа.

Што се однесува до улогите во домот, таа истакна дека кај нив постои традиционална поделба на обврските:

„Мојата одговорност е домот и ручекот, и сум горда на тоа. Мики е тој што ги носи финансиите. Важно е секој да си го знае местото.“

На крајот, Ребека потенцираше дека поставувањето граници и способноста аргументирано да се каже „не“ се клучни за здрави односи.

„Многу објаснувам и немам проблем со тоа“, заклучи таа.

CATEGORIES
Share This