САМО 30 МЛ НА ЧАС – Еве зошто прекумерното пиење е ризично
Знаци дека алкохолот станува проблем и совети за умерено и безбедно пиење.

Д-р Брајан Хофлингер, неврохирург со над 170.000 следбеници на YouTube, објасни како телото обработува алкохол. Според него, многумина не знаат дека црниот дроб може да преработи само околу 30 милилитри алкохол на час.
„Кога испиете повеќе алкохол од ова, тој веднаш се акумулира во телото. Алкохолот стигнува до мозокот за пет минути и почнува да делува, но црниот дроб не може да го разгради побрзо,“ објаснува д-р Хофлингер. Тој демонстрирал дека, дури и ако пиете 150 мл алкохол, за еден час телото ќе преработи само 30 мл, а остатокот останува во системот, создавајќи дополнителен товар за организмот.
Знаци дека алкохолот станува проблем
Британската NHS наведува шест симптоми кои можат да укажуваат на алкохолизам како што се секојдневно посегнување по алкохол без размислување, редовно прекумерно пиење, дружење што се врти околу алкохолот, пиење во текот на денот, чувство на нервоза кога другите не пијат и надминување на препорачаната неделна граница.
Луѓето кои се лекувале од алкохолизам потврдуваат дека овие знаци често укажуваат на сериозен проблем.


