ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВОЈНАТА – Очекував поголем хаос, вели Трамп

Израелските напади предизвикаа итен одговор од Техеран, но САД гледаат „мала пречка“

ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВОЈНАТА – Очекував поголем хаос, вели Трамп
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, со извонредна ладнокрвност изјави: „Очекував поголем хаос!“ Директно од Овалната соба, тој ги минимизираше економските последици од конфликтот во Иран, оставајќи ги аналитичарите изненадени.

За време на официјалниот прием на Санае Такаичи, Трамп не покажуваше загриженост, туку речиси со разочарување констатираше дека економскиот удар е „помал од предвиденото“. Иако израелските напади врз иранската инфраструктура предизвикаа итен одговор од Техеран, според првиот човек на САД, ова е само „мала пречка“ на патот кон целта.

„Мислев дека ќе биде многу полошо. Но, не е лошо и наскоро сè ќе заврши“, самоуверено изјави тој пред камерите на Си-Ен-Ен.

На прашањето дали би ги укинал санкциите за иранската нафта за да го смири пазарот, Трамп одговори енигматично дека ќе направи „сè што е потребно“ за стабилност. Ова веднаш предизвика шпекулации дали Вашингтон можеби планира таен пазар со енергенсите додека конфликтот сè уште трае.

Додека Трамп се обидува да ја смири јавноста, ситуацијата на Блискиот Исток останува тензична. Нападите врз енергетските центри веќе влијаат на глобалната економија, а неговите изјави многумина ги толкуваат како опасен блеф. Прашањето останува: дали претседателот навистина ја контролира ситуацијата или ова е само обид да се прикрие стравот од можната глобална рецесија?

CATEGORIES
Share This