(ВИДЕО) ШОКАНТНА ПОВРЕДА ПО СУДИР СО РЕКЛАМНА ТАБЛА – Галатасарај поднесе жалба до УЕФА
Ланг удри во рекламна табла на „Енфилд“ и сериозно си го исече прстот.

Генералниот секретар на Галатасарај, Ерај Јазган, соопшти дека клубот поднел жалба до УЕФА поради сериозната повреда на играчот од средниот ред, Ноа Ланг.
Инцидентот се случи синоќа за време на реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, на гостински терен.
„По натпреварот, поднесовме жалба до претставниците на УЕФА во врска со овој инцидент. УЕФА ќе ја разгледа ситуацијата, а ние се консултираме со адвокати. Ќе поднесеме барање за надомест и очекуваме нашите аргументи да бидат земени предвид. Доколку тоа не се случи, може да поднесеме и тужба. Здравјето на нашите играчи е наш врвен приоритет“, изјави Јазган за „ХТ Спор“.
Ланг е позајмен од Наполи, а претходно настапуваше за Ајакс, Твенте, ПСВ и Клуб Бриж.
Ливерпул го победи Галатасарај со 4:0 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде ќе се сретне со ПСЖ.
Самиот натпревар беше засенет од шокантната повреда на Ланг. Во 76. минута, фудбалерот изгуби рамнотежа во дуел за топката и силно удри во рекламните табли покрај теренот на „Енфилд“, по контакт со играчот на Ливерпул, Куртис Џонс. Ланг падна покрај гол-линијата и се обиде да се задржи за оградата, но веднаш потоа се струполи на тревата.
Сцените беа вознемирувачки и Ланг врескаше од болка, а телевизиските камери прикажаа крв на неговата рака. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, потврдувајќи дека повредата е сериозна.
Фудбалерот не можеше да продолжи со игра и беше изнесен на носилки, додека му беше даден и кислород. На негово место влезе Мауро Икарди.
Според првичните информации, станува збор за тешка повреда на прстот. Дел од медиумите зборуваат за длабока посекотина, додека други споменуваат и можност за делумна ампутација. Ланг ќе биде подложен на итна операција, а повеќе детали за неговата состојба се очекуваат во текот на денот.
Noa Lang elinin kesildiği an. Bakalım @UEFAcom ne yaptırım uygulayacak ? pic.twitter.com/Q9VaDolEpX
— TR71 0001 0004 3533 8704 4855 (@Sansar_Jack) March 19, 2026


