СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – МАНУ ќе ја соопшти највисоката награда

Фестивалот традиционално започнува со садење дрво и поетско читање во чест на лауреатот.

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – МАНУ ќе ја соопшти највисоката награда
Фото: Национал

Денеска во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) ќе биде соопштено кој ќе го добие престижниот „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година.

Фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ традиционално се одржува секој август, а започнува со симболично садење дрво и поетско читање во чест на наградениот поет.

„Златен венец“ претставува највисоко меѓународно признание на фестивалот и се доделува на истакнат светски поет за животно дело. Името на добитникот обично се открива неколку месеци пред одржувањето на манифестацијата.

CATEGORIES
Share This