МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА ЕПП – Заедно за иднината на Европа

Атмосферата во Брисел беше полна со енергија и визии за иднината на континентот.

МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА ЕПП – Заедно за иднината на Европа
Фото: Социјални мрежи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се разговараше за клучните прашања кои ја обликуваат иднината на Европа.

„Имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со врвни европски лидери и претставници разменивме идеи, искуства и визии за нашата заедничка иднина. Атмосферата беше полна со енергија, соработка и посветеност кон европските вредности“, објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

CATEGORIES
Share This