ТРАМП СО ОСТРА ЗАКАНА – Ако го чепнат Катар уште еднаш, ќе го дигнеме во воздух Јужен Парс
Американскиот претседател реагираше по иранскиот напад врз катарскиот индустриски центар за течен природен гас.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави долг пост на својата социјална мрежа Trut вечерва во врска со израелскиот напад врз гасното поле Јужен Парс, најголемото во Иран, извршен во среда, и последиците од евентуална иранска одмазда.
Како одговор на нападот, Иран изврши воздушни напади врз градот Рас Лафан во Катар индустриски центар каде се наоѓа најголемата фабрика за преработка на течен природен гас (LNG) во светот.
Во својот пост, Трамп истакна дека САД „не знаеле ништо“ за израелскиот напад и се закани со ескалација на конфликтот доколку Иран повторно го нападне Катар:
„Израел, од гнев поради настаните на Блискиот Исток, жестоко нападна голем објект познат како гасното поле Јужен Парс во Иран. Релативно мал дел од комплексот беше засегнат. Соединетите Американски Држави не знаеја ништо за овој конкретен напад, а Државата Катар на никаков начин не беше вклучена. За жал, Иран не го разбра ова и неоправдано нападна дел од катарскиот објект за течен природен гас. Израел повеќе нема да го напаѓа Јужен Парс, освен ако Иран не нападне повторно многу невин објект во Катар и во тој случај, САД ќе одговори со масивен напад врз Јужен Парс со сила каква што Иран никогаш не видел.“
Трамп додаде дека не сака да оправдува „ниво на насилство и уништување“ поради долгорочните импликации за Иран, но јасно порача дека САД нема да се двоумат да интервенираат доколку Катар повторно биде нападнат.


