НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – Врнежи на запад, ветер од североисток
Умерен до засилен североисточен ветер ќе го обележи денот а на повисоките места се очекуваат врнежи од снег

Фото: Национал
Времето денеска (19.03.) ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег и температтура во интервал од -1 до 13 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
CATEGORIES Македонија


