РЕАЛ ГО СРУШИ СИТИ – За Гвардиола Реал не е најголем предизвик, Арбеола не се осмелува да каже дека победил тренер како Пеп
Реал Мадрид со вкупни 5-1 го елиминира Манчестер Сити и обезбеди четвртфинале во Лига на шампионите.

Трета година по ред, Реал Мадрид го елиминираше Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Во осминафиналето, шпанскиот гигант победи со убедлив вкупен резултат 5-1, по 3-0 на Сантијаго Бернабеу и 2-1 на реваншот на Етихад.
На прес-конференцијата по натпреварот, еден новинар забележа дека Реал Мадрид бил најголемиот предизвик во тренерската кариера на Пеп Гвардиола, но Каталонецот го негираше тоа:
„Не, Реал Мадрид не е мојот најголем предизвик. Јирген Клоп во Ливерпул беше најтешкиот. Постојано го заборавате тоа. Не разбирате колку беше тешко да се соочите со Ливерпул.“
Пеп исто така ја исклучи можноста да го напушти тимот на крајот од сезоната:
„Сите можеби мислат дека ќе заминам, нели? Еден ден ќе кажам „збогум, момци“, но оваа година тоа нема да се случи. Мојот договор е до јуни 2027 година. Иднината на овој тим е светла, и ќе се вратиме во Лигата на шампионите следната сезона.“
Манчестер Сити ќе има нова шанса за трофеј во недела, кога ќе се сретне со Арсенал во финалето на Лига купот на Вембли, а потоа ќе се фокусира на завршницата на Премиер лигата, каде моментално заостанува девет бодови зад Арсенал.
Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, ја оцени победата како голем успех:
„Не беше лесно да ги добиеме двата натпревари. Мбапе играше помалку, но добро и мислам дека беше фаулиран во шеснаесетникот. Заслугата е на играчите. Не се осмелвам да кажам дека сум победил тренер како Пеп Гвардиола. Пеп ми честиташе и ми посака среќа за дуелот со Атлетико во недела. Сè уште учам, работев напорно овие месеци, и ќе продолжиме да напредуваме.“
Арбелоа ја презеде тренерската позиција во Реал без искуство во сениорскиот тим, по заминувањето на Чаби Алонсо. Дополнителен предизвик беа повредите на клучните играчи како што се Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Родриго и Едер Милитао. Сепак, тимот успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и да остане конкурентен во Ла Лига, каде што се наоѓаат на четири бода зад лидерот Барселона, со десет кола до крајот.


